Полувреме за историја: Партизан ја демолираше Црвена Звезда

Партизан е на добар пат да избори мајсторка во финалето на АБА-лигата откако „црно-белите“ одиграа полувреме за историја на четвртиот меч од финалната серија со Црвена Звезда.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ беа феноменални во нападот, постигнаа неверојатни 68 поени за 20 минути игра, на одмор заминувајќи со огромна предност од 25 поени (68-43).

Овие 68 поени воедно се и најефикасното полувреме на еден финалист во историјата на АБА, како доказ за перфектното издание на „црно-белите“.

Се вчитува...