Полувреме за паметење: „One man show“ на Димитријевиќ против Уникс Казан

Ненад Димитријевиќ го игра најдоброто полувреме во професионалната кариера на дуелот од Еврокупот меѓу неговиот Хувентуд и рускиот гигант Уникс Казан. Нашиот плејмејкер е незапирлив за кошаркарите на рускиот клуб, па иако на теренот мина неполни осум минути, Димитријевиќ веќе има 17 поени зад своето име.

Македонскиот репрезентативец влезе во игра кон средината на првата четвртина додека Хувентуд беше во негатива, но веднаш донесе пресврт. Димитријевиќ најпрвин изнуди три прекршоци и реализираше шест слобдони фрлања во низа, а потоа влезе во серија погодоци од поле, како за два, така и за три поени. Домаќините предводени од Македонецот стигнаа и до двоцифрена предност, но откако тренерот реши да го повлече од игра рускиот тим успеа да ја намали негативата и целосно да се врати во мечот, па на одмор се замина со минимални 44-42 за Хувентуд.

Зад името на Димитријевиќ по првото полувреме стои: 7:42 минути игра, 17 постигнати поени (1/2 за тројка, 4/4 за два поени, 6/6 од линијата за слободни фрлања), со по еден скок, асистенција и украдена топка.

Се вчитува...