ПОЛУВРЕМЕ: Жестока битка без победник, победникот ќе се решава во вторите 30 минути

Е. Пелистер и Вардар играат со нерешени 10-10 по првото полувреме од големото дерби во „Боро Чурлевски“, дуел во кој огромното значење придонесува да има до грешки во нападот, но затоа пак импонира големата борбеност и жестоките дуели во одбраната на двете страни.

Битолчани создадоа фанатична атмосфера, но „вардарци“ веднаш ставија до знаење дека нема да потпаднат под притисокот од трибините, не дозволувајќи шампионот да влезе во серија и резултатски да се одлепи во раната фаза од мечот. Цврстите одбрани беа заштитен знак во првите петнаесетина минути во кои ниту една од двете екипи не успеа да се одлепи на повеќе од еден гол разлика. Ангеловски побара тајмаут во 17. минута, при резултат 6-7, по што следеше мини-пресврт со двата гола на Борзаш и водство на Е. Пелистер од 8-7.

Во последните десет минути од полувремето се влезе со израмнети 8-8, по што двата тима неколку напади се мачеа со реализацијата, па Недановски реши да земе минута одмор и да им подели совети на своите избраници. По повеќе од пет минути без гол на двете страни беше досуден пенал за Вардар што Срдановиќ го претвори во водство на скопјани од 8-9, Кузмановски возврати со прецизен седмерец за 9-9, по што следеа и по две исклучувања на двете страни.

Филип Кумановски со својот четврти гол на мечот донесе водство на Е. Пелистер од 10-9, на спротивната страна прецизен беше Лазаревски, па на одмор се заминува со израмнети 10-10, како најава за суперинтересно второ полувреме на ова големо дерби.

Се вчитува...