Помош за суспендираните: Одложено второто коло во Супер-лигата

Второто коло од кошаркарската Супер-лига и новата рунда од плеј-аут лигата нема да се одигра во следните неколку дена како што беше предвидено со утврдениот распоред. Ова е одлуката на денешниот состанок на Здружението на прволигаши, начин на кој треба да им се даде дополнително време на клубовите кои вчера беа суспендирани од страна на МКФ, да ги подмират обврските кон куќата на кошарката.

Гостивар и Куманово денеска требаше да го отворат второто коло, но со едногласна одлука на присутните прволигаши беше решено натпреварите од оваа рунда да се играат наредниот викенд.

Воедно, ќе биде договорен начин на исплата на долговите, за од сабота натпреварувањето да продолжи токму со средбите од второто коло од Супер-лигата: Работнички – Кожув, МЗТ Скопје – Блокотехна и Гостивар – Куманово.

Се вчитува...