Асистентот на Благоја Милевски во А-селекцијата на Македонија, Искендер Јонузи е именуван за нов спортски директор на охридскиот прволигаш Воска Спорт.
Искендер Јонузи, кој е со богато фудбалско искуство настапувајќи за екипите на Шкендија и на Слога Југомагнат во македонскиот шампионат во минатото, сега повторно се вклучува во клупскиот фудбал со ангажманот во Воска Спорт.
Сопственикот на Воска Спорт, Нефи Усеини денеска официјално потпиша договор со Јонузи за идна соработка, притоа промовирајќи го во својот клуб.
Идризи во минатото беше дел и од раководството на тетовска Шкендија, а останува и асистент на Милевски во стручниот штаб заедно со Роберт Стојановски и Влатко Грозданоски.
Јонузи во клубот доаѓа на местото на спортскиот директор Артан Борова кој си замина на крајот од есенскиот дел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА