Понитка не игра против Македонија

Полската репрезентација ќе биде сериозно ослабена за утрешниот квалификациски дуел против Македонија откако Матеуш Понитка отпадна од комбинацијаза настап на утрешниот натпревар во Сосновиец.

Полска како еден од домаќините има обезбедено пласман на Евробаскет 2025, па селекторот може да експериментира со составот на овие натпревари. Понитка беше на теренот на првиот дуел од квалификациите против Литванија, но според последните информации тој веќе се упатил назад во Белград за да се приклучи на подготовките на тимот на Партизан.

Информацијата први ја пренесоа српските медиуми, според кои станува збор за договор меѓу Жељко Обрадовиќ и селекторите на неколку репрезентации каде настапуваат играчи на „црно-белите“. Покрај Понитка, своите репрезентации предвреме ги напуштиле и Зек Ледеј, Бруно Кабокло и Џејлен Смит, кои веќе од утре ќе се приклучат на тренинзите на Партизан пред важниот евролигашки натпревар против Анадолу Ефес.

Се вчитува...