Понуда од Челси: Реина дојде, виде и ќе си оди од Милан

Пепе Реина пред два дена и официјално пристигна во тренинг-кампот на Милан, се фотографираше пред клупското лого, ги мина лекарските прегледи и замина со „росонерите“ на турнејата во САД. Сепак, престојот на шпанскиот ветеран на „Сан Сиро“ би можел да трае исклучително кратко откако Маурицио Сари искажа сериозен интерес за да го доведе својот екс-голман од Наполи во таборот на Челси.

Сари не планира да троши многу пари на наследник на Куртоа, па на Реина гледа како на краткорочно решение за една сезона, а веќе е подготвена и понуда од десет милиони евра, што би била гаранција за експресна заработка за „росонерите“. Милан го доведе Шпанецот како слободен играч, а во ситуација кога не беше пронајден купец за Донарума, сега „росонерите“ би можеле да го продадат Реина само неколку дена по неговото пристигање во Милано.

Се вчитува...