Понуда од Кина: Гвангжу Еверганде нуди 95 милиони евра за Герет Бејл

Еден од најмоќните кинески клубови, Гвангжу Евергранде, сака во своите редови да го доведе фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл. Веќе е испратена понуда вредна 95 милиони евра до „кралскиот клуб“, што сигурно ќе биде сериозно разгледана, ако се знае дека Велшанецот во изминатиот период пропушти многу натпревари поради честите повреди. Покрај тоа, „кралевите“ се подготвуваат за реновирање на составот, а Бејл е една од ѕвездите која премногу заработува.

Шпанските медиуми најавуваат негово заминување од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезоната, а најреална засега е опцијата да се врати во Тотенхем, како дел од евентуалниот трансфер на Хари Кејн во Реал Мадрид. Сепак, милионите од Кина никогаш не се за потценување. Велшанецот за тригодишен договор би добил фантастични 130 милиони евра како плата, плус дополнителни бонуси и заработка од маркетиншки зделки.

 

Се вчитува...