Понуда за брак на финалето – цел тим на МЗТ дел од сценариото (фото)

Драматично беше и на паузата од полувремето од првиот финален натпревар од плејофот меѓу МЗТ Скопје и Работнички, откако еден домашен навивач ја запроси својата долгогодишна девојка, и двајцата со години верни навивачи на аеродромскиот клуб.

За „драмата“ да е максимална, во сценариото му помогнаа сите кошаркари на МЗТ, кои излегоа на терен со транспарент „Сега е време да кажеш ДА“, а навивачот клекна пред трибината каде се наоѓаше девојката.

Потврдниот одговор не можеше да изостане, „Фемили“ најпрвин ја симнаа среќната девојка крај своето момче, а потоа со мало пиротехничко шоу додадоа „зачин“ на свечениот момент.

 

Се вчитува...