Понуда за Горецка која не се одбива – 10 милиони евра по сезона!

Раководството на Шалке е подготвено да му понуди долгогодишен договор од 10 милиони евра по сезона на својот најдобар фудбалер, Леон Горецка. Соработката на германскиот репрезентативец истекува во јуни 2018 година, а се шпекулира дека играчот за врска од следното лето ќе ја менува средината. Дури се појавија и тврдења дека Горецка има преддоговор со првакот Баерн Минхен.

Според германскиот медиум „Кикер“, Шалке ќе ги надмине границите на годишна плата во својот буџет, со цел Горецка да ја продолжи верноста кон клубот. Но, има и еден поголем проблем, што Шалке треба да го намали голбално својот годишен буџет.

Поради овој план, клубот се ослободи од услугите на Хунтелар, кој заработуваше 7 милиони евра по сезона, како и поранешниот капитен Хеведес заедно со крилото Сидни Сем, кои заработуваа по 4 милиони евра годишно. Моментната просечна плата меѓу фудбалерите по сезона во Шалке е нешто повеќе од 2 милиони евра, а Франко Ди Санто и Јегхен Конопљанка се најплатените играчи, кои заработуваат по 4 милиони евра.

Доколку Горецка прифати да стави потпис на нов договор, тоа ќе биде нов клупски рекорд кога се работи за заработувачка на годишно ниво.

Се вчитува...