Понуда за Салах која не се одбива: 150 милиони евра, акции и позиција на амбасадор!?

Првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах, повторно е во центарот на вниманието на Островот. Се погласни се гласините дека Египќанецот ја игра својата последна сезона на „Енфилд“ и дека ќе замине следното лето. Секако, првиот избор е Саудиска Арабија, а денес се појавија нови детали.

Наводно, Арапите му нудат на Салах астрономска заработка од 150.000.000 годишно, но и да избере да стане малцински сопственик на еден од клубовите. Исто така, тој би бил амбасадор на туризмот на оваа земја, а сосема логично и на Светското првенство во фудбал, кое ќе се одржи во Саудиска Арабија во 2030 година. 

Салах е отворен за живот во арапска земја, со сите овие услови што едноставно не можат да се одбијат. Ливерпул нема причина да не се раздели со една од најголемите легенди не само во модерната ера, туку и во историјата на клубот. 

Салах пристигна во летото 2017 година од Рома за 40.000.000 евра.

Се вчитува...