Понудата е на маса – Хабиб оди во кечери?!

Хабиб Нурмагомедов останува во фокусот на вниманието на светската јавност, откако Русинот се закани дека е можност да го напушти УФЦ-шампионатот, а сега обелодени и дека добил интересна понуда за продолжување на кариерата.

Доколку остане на сила казната за неговиот брат за инцидентите по борбата со МекГрегор, Хабиб е подготвен да тргне по нов пат – а тоа лесно може да биде ВВЕ организацијата или популарните „кечери“.

ВВЕ ме праша да им се приклучам, што мислите за тоа“ – ги праша Дагестанецот своите фанови преку твитер-профилот, по што доби бројни пораки со поддршка за ваков потег.

Добро упатени извори тврдат дека ова е само обид на Нурмагомедов да изврши дополнителен притисок врз челниците на УФЦ пред одлуката за конечна казна за него и неговиот брат. Доколку сепак се реши за ваков потег, тој нема да биде првата УФЦ-ѕвезда што почнала со настапи во ВВЕ, со години наназад дел од ова натпреварување е поранешниот УФЦ-првак Брок Леснар. Интересно, Леснар долги години е една од најголемите ѕвезди на ВВЕ натпреварувањето, но на почетокот од 2020 накратко ќе се врати во УФЦ на битка со Даниел Кормиер.

Се вчитува...