Понудата е на маса, на потег е Тони Крос

Тони Крос се уште нема донесено одлука околу својата иднина, иако договорот на германскиот ветеран со Реал Мадрид истекува за само неколку месеци.

Германецот се уште игра во извонредна форма, во меѓувреме реши и да се врати во националниот тим за да помогне на ЕВРО 2024 на домашен терен, но Крос се уште не пресекол дали настапот на европскиот шампионат ќе биде последен во неговата кариера или ќе реши да продолжи да игра фудбал и во сезоната 2024/25.

За оваа опција навиваат во Реал Мадрид, откако раководството на „кралскиот клуб“ испратило и понуда до Крос за да потпише нов едногодишен договор со шпанскиот гигант. Иако има 34 години, Крос докажа дека се уште може да игра на највисоко ниво, поради што Флорентино Перез му понудил нов договор на една сезона, под исти услови како актуелниот. Германецот може да заработи многу повеќе пари ако се пресели во САД или во Саудиска Арабија, но извори блиски до него тврдат дека ветеранот размислува само за две опции, пензија или нов договор со Реал.

„Понудата е на маса, на потег е Тони Крос, кој може да потпише нов договор кога и да посака“, гласи пораката од „кралевите“ до големиот ас кој освои се што можеше да се освои во дресот на Реал.

Се вчитува...