Попладне нови возбудувања: Станковски дебитира против Силекс, тетовското дерби во фокусот

Првенството во Првата фудбалска лига на Македонија продолжува со несмален интензитет. Денеска (15.30 часот) на програмата е некомплетното осмо коло. Одложен е мечот меѓу Академија Пандев и Вардар поради настапот на првакот во групите од Лигата на Европа, но сите останати мечеви се закажани за попладневниот термин.

Работнички има нов шеф на стручниот штаб, Горан Станковски, кој денеска ќе го има своето „огнено крштевање“ во прволигашката конкуренција. За првпат ќе предводи сениорски состав откако се одлучи за тренерска кариера, а на гости му доаѓа Силекс со Жикица Тасевски.

„Приоритет во моментот е тимот да се оттргне од летаргичноста и да ја врати својата добро позната енергија. Верувам во квалитетите на овие момци и затоа се нафатив да работам, без размислување“, истакнува Горан Станковски, најавувајќи дека „романтичарите“ посакуваат позитицен резултат.

Во Тетово ќе се игра градското дерби. Шкендија е првопласирана на табелата, а квалитетот на Ренова сепак не е доволно добро отсликан со моментната позиција на табелата. Тимот на Ќатип Османи сака да продолжи со победничкиот ритам, а „гипсарите“ сигурно сакаат да го изненадат лидерот.

На Чаир, Шкупи го пречекува ранетиот Пелистер. „Зелените“ нанижаа три порази во серија, па за нив е исклучително важно да остварат позитивен резултат на овој меч. На Могила пак, Победа ќе го пречека Скопје, а на клупата ќе дебитира новиот тренер Славољуб Бубања.

ПРВА ЛИГА, 8.КОЛО – ДВОЈКИ

ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС

ПОБЕДА – СКОПЈЕ

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ВАРДАР одложено 

Се вчитува...