Попов за Вардар и како успеа од Лига Европа да дојде до дното: „Кој го заглави, а кој го одглави!? Ништо не сум направил – три години шампион, капитен и влез во ЛЕ!“

Во најновата осма епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, најголемата македонска фудбалска легенда Дарко Панчев, заедно со својот гостин Горан Попов, ги анализираа очекувано состојбите во македонскиот фудбал.

Неизбежно и на темата поврзана со ФК Вардар, ако се знае дека токму и двајцата беа дел и од најголемиот успех на „црвено-црните“ во поновата историја – пласманот во групната фаза од Лигата на Европа во 2017 година, за првпат на една македонска екипа. Дарко Панчев кога Вардар дојде до групната фаза од Лига на Европа беше спортски директор во клубот, а Горан Попов негов капитен.

И за двајцата е нејасно, како „исчезнаа“ милионите евра кои Вардар ги доби со влезот во Лигата на Европа, па потоа од врвот вртоглаво дојде и до Втората лига…

„Ние се пласманот во Лигата на Европа во клубот донесвме неколку милиони евра за Вардар, и место тој тим да се надоградува и да продолжи со успесите, потоа дојде до огромен пад и преселба во Втора лига. Зошто е тоа така треба да кажат оние кои ги водеа финансиите, а не ние од спортскиот дел кои немавме допирна точка со тоа, и на кои ни се должеа плати за две години од договорите кои тогашното раководство на Вардар само одлучило да ги склучи со нас. Никој не ги присилувал. Сами не бараа и склучуваа договори со нас. Милионите долгови на Вардар се направени од раководството а не од Панчев, Попов или фудбалерите кои имале регуларни договори а тие не биле почитувани“ – велат Панчев и Попов.

Горан Попов истакнува дека „фудбалот не смее да биде дирктно под политиката, затоа што потоа се случуваат нешта како што му се случи на Вардар по 2017 година кога се смени власта и дојде СДСМ на чело на државата“…

„Јас ќе бидам директен. Политиката не смее да се меша во фудбалот, затоа што ете што се случи кога се промени власта па по 2017 година Вардар дојде до Втора лига. Тоа кажува дека Вардар е зависен од политиката, и тоа кој е на власт. А, тоа е катастрофално. Сега, повторно се смени власта и гледаме дека се вратија долговите и ги подмирија кон сите нас, што е навистина за поздравување. Но, што ќе се случи ако во иднина повторно се смени власта. Ќе чекаме Вардар, кој сите ние многу си го сакаме затоа што е наш најголем спортски бренд, повторно да оди во Втора лига!? Затоа што да не се лажеме, Вардар не го одглавија поединци кои се поставени само да се фалат или некакви спонзори, туку партијата на власт.“

Попов се осврнува и на прозивките од поединци за неговите, и на останатите играчи од клубот на кои му се должеше, за долговите од Вардар.

„Јас сум постигнал договор со Сергеј Самсоненко, и нормално треба ли тој договор да се почитува, и за мене и за сите ние кои сме играле за Вардар. Дa? Попов ништо не направил за Вардар. Три години по ред шампион, капитен и влез во групите од Лигата на Европа… Ништо не направил“ – истакнува Попов.

КОМПЛЕТНИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Се вчитува...