Попович: Да има Трамп барем малку мозок …

Легендарниот американски тренер, Грег Попович даде свое мислење за протестите во САД за кои повод беше бруталноса на полицијата во Минеаполис врз Џорџ Флојд кој го загуби животот.

„Да имаше Трамп барем малку мозок, па макар тоа било и 99 отсто цинично, ќе излезе и ќе каже нешто што треба да ги обедини сите луѓе. Но, него воопшто не му е гајле за зближување. Дури ни сега. Тоа е многу очајно. Тој никогаш не работи за поголемо добро, туку гледа само за себе“, изјави Попович. 

Низ цела Америка има големи протести против полициската бруталност, кои во некои градови ескалираат и доведуваат до големи немири меѓу протестирачите и полицијата.

Се вчитува...