Попович: Јокиќ е реинкарнација на Лери Бирд

Никола Јокиќ со 25 поени и 11 асистенции беше најзаслужен за победата на Денвер над Сан Антонио, а противничкиот тренер Грег Попович беше толку импресиониран од српскиот центар, споредувајќи го со легендарниот Лери Бирд.

„Јокиќ е како реинкарнација на Лери Бирд. Прави буквално се на теренот, навистина е неверојатен. Излегува надвор од рекетот и постигнува тројки, собира скокови и ги внесува топките низ обрачот како Мозес Мелоун. Ќе се спушти во рекет, речиси и нема да скокне, ќе промаши, но од втор или од трет обид ќе успее да ја внесе топката. Не е среќа, тој тоа го прави цело време. Исто така, тој е најдобриот асистент меѓу центрите во НБА, така што Јокиќ дефинитивно е специјален играч“, истакна стратегот на Сан Антонио.

Јокиќ сезонава во просек постигнува по 20,4 поени, надополнети со 10,1 скокови и 7 асистенции по натпревар, со што Србинот е најзаслужен што Денвер моментно е третопласиран, во трка со ЛА Клиперс за второто место во Западната конференција во пресрет на плејофот.

Се вчитува...