Поповски: Головите за победа во последна секунда се посебни

Со погодокот на Мартин Поповски, буквално во завршните моменти од средбата, македонската машка ракометна репрезентација ја забележа и втората победа над Грузија (29-28) во контролните дуели кои се дел од неделата на ЕХФ.

„Овие голови во последна секунда им се особено драги на спортистите, но секако сите 29 гола се важни, нема неважен гол во текот на натпреварот. Најважно е дека победивме, во подмлаедн состав, без најискусните. Мислам дека овие четири натпревари ги одигравме добро. Селекторот треба да ги направи анализите и да го направи изборот на најдоброто од државата за да одиме на Европското и да се покажеме во најдобро светло“ – вели Поповски.

Македонската репрезентација за која во оваа седмица играа помладите и ракометарите кои немаат големо репрезентативно искуство, забележа три победи, покрај двете над Грузија и против Турција и реми против Италија.

Се вчитува...