Поповски: Можеме да се носиме со Белорусија, но само ако…

Мартин Поповски е еден од поискусните во македонскиот табор на овој светски шампионат. Крилниот ракометар кој настапуваше за Вардар, а сега го носи дресот на Амичитија е свесен дека „црвено-жолтите“ не го даваат посакуваниот придонес на теренот на СП во Египет.

Сепак, Поповски најавува дека нашите ракометари ќе се прикажат во подобро светло на последниот меч на мундијал, утрешната пресметка со Белорусија.

„Не треба да одиграме колку да одиграме, ова репрезентација, мораме да се потрудиме, да дадеме повеќе. Квалитетот на Белорусија е на слично ниво со Русија, а ние може да се носиме и со двата тима, ама само ако сме на посакуваното ниво“, истакна Поповски.

Тој се осврна и на вчерашниот убедлив поаз од селекцијата на Русија.

„Лошо влеговме во мечот иако се подготвувавме тактички за овој меч. Ние како да сме влезени во некој „барабан“ од кој не можеме да излеземе, бидејќи не ги исполнивме замислите. Се надевам дека на следниот натпревар ќе го обелиме образот“, порачува десното крило на македонската репрезентација.

Се вчитува...