Поради Халанд, Баварците остануваат без својот капитен најмалку еден месец

Екипата на Баерн Минхен се соочува со сериозни проблеми на стартот од новата сезона, откако на дуелот од германскиот Суперкуп против Борусија Дортмунд (3-1) се повреди голманот Мануел Ноер.

Пред крајот на мечот, тој доби удар во скочниот зглоб во дуелот со Ерлинг Халанд, по што мораше да следи медицинска интервенција. Два дена подоцна, клубот од Минхен со соопштение објасни за што станува збор и објави дека Ноер не бил на тренинг во четвртокот.

„Ноер го повреди десниот скочен зглоб за време на победата над Дортмунд во Суперкупот, па капитенот нема да учествува на денешниот тренинг“, стои во краткото соопштение.

Засега не е познато дали репрезентативниот чувар на мрежата ќе биде подготвен за натпреварот во Бундеслигата, в недела против Келн. Шпекулациите се дека тој ќе отсуствува од теренот најмалку еден месец.

Се вчитува...