Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Рафиња смета дека многу играчи вклучувајќи го и него ќе останеле во Минхен само доколку тогашниот тренер, Нико Ковач се поставел подобро кон нив. Рафиња беше дел од златната генерација на „баварците“ која успеа во 2013 да ги освои сите трофеи.
„Периодот со Ковач беше навистина тежок. Пред почетокот на сезоната 2018/2019 го замолив да ме пушти во Баер Леверкузен кои ми понудија убава понуда. Тој ми кажа: „Не, те молам остани, потребен си ми во тимот“, за во вториот дел од сезоната воопшто да не ми даде прилика да играм. Го почитувам Ковач, но искрено да ви кажам да имаше подобар однос со нас ние уште ќе останевме таму. Јас, Арјен, Френк, Хамес, Хумелс, Ренато Санчез и Артуро Видал“, изјави Рафиња.
Bayern Legend ❤ pic.twitter.com/Nw7Rr0fD2z
— MagicalThiago⁶ ?✨ (@PrimeAlcantara) March 4, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА