Поради Ковид-19 во тимот: Откажано гостувањето на Вардар против ПСЖ во Париз

Како и што можеше да се очекува по првичните информации за позитивни тестови на Ковид-19 во редовите на македонскиот шампион, попладнево и официјална информација од РК Вардар за откажување на гостувањето против ПСЖ во Париз во Лигата на шампионите.

„Планираното гостувања во Париз кај ПСЖ од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите нема да се реализираат. За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи. Првично мечот требаше да се игра на крајот на октомври, но тогаш беше откажан. По враќањето од Киелце, Полска каде Вардар 1961 во средата го одигра својот меч од ЕХФ лигата на шампионите, еден наш ракометар се пожали на зголемена телесна температура. Истиот беше тестиран по што беше утврдено дека има позитивен тест. Веднаш беше тестирана целата експедиција што беше во Полска и позитивни тестови имаа уште неколку наши членови. Според протоколите сите ќе бидат во изолација како што е прошишано од здравствените власти. Со оглед на фактот што здравјето на спортистите е најважно за резултатите од тестирањето ги информиравме ЕХФ и клубовите со кои сме играле. Вардар1961 и Кјелце одиграа два натпревари меѓу себе во изминатиот период. Прво на 19. ноември во Скопје, а потоа на 25. ноември во Полска. Планирано беше во следниот период Вардар 1961 во следниот период да одигра три натпревари, два на гости против ПСЖ и Порто, и потоа на 10 декември со ПСЖ на гости“ – се вели во официјалното соопштение од РК Вардар 1961.

Се вчитува...