Поради Локалните избори 2021 натпреварите од 10. коло во ПМФЛ преместени за 16. октомври

Поради одржувањето на Локалните избори 2021, натпреварите од 10. коло во Првата македонската фудбалска лига ќе се играат во сабота (16. октомври) место согласно предвидениот календар на 17. октомври.

Натпреварувачката комисија на ФФМ одлучи сите дуели од 10. коло во ПМФЛ да се играат ден порано, поради општинските избори.

Новото коло во Првата македонска фудбалска лига следи по паузата овој викенд поради настапите на репрезентациите.

Се вчитува...