„Поради Лука Дончиќ, кого никогаш нема да го запознаам, денеска сум жив“

Уште една приказна од САД во која Лука Дончиќ е херој, а без да биде свесен за тоа. Младата ѕвезда на Далас, иако само со 21 година веќе е еден од најдобрите кошаркари на светот. Го обожаваат во родната Словенија, во регионот, во Европа, во САД и во целиот свет.

Сега уште една приказна која го воодушеви светот, а поврзана со младиот уметник од САД, Колин Кејбл, кој тврди дека Лука му го спасил животот.

За Кејбл животот тргнал катастрофално лошо есента во 2018 година. Раскинал со девојката, неговата музичка кариера не била успешна како што посакувал, а болките поради користење на дрога почнал да ги ублажува со седативи. Бил крајно депресивен, се до денот кога неговата мајка го известила дека неговиот брат Бонер починал. Во тој момент од Бруклин одлетал за Далас како би бил поддршка на семејството. И по смртта на братот засекогаш се откажал од дрогата.

„Дрогата го зеде мојот брат и почнав да се плашам од неа. На некој начин, тоа беше неговиот најголем и најважен чин да ме заштити“ – ја раскажува Кејбл својата приказна.

Следните шест месеци ги минал во четири ѕида, затворен и значително здебелен затоа што не се движел воопшто.

„Со 32 години бев сосема сам. Трезен, но поразен. Жуз, но само во биолошка смисла. Повеќе ништо не беше важно и никогаш повеќе ништо нема да биде важно“ – вели Колин.

И, тогаш пристигнал Словенецот Лука Дончиќ…

„Еден од последните разговори со мојот брат се случи брзо откако Далас потпиша со Лука. Мојот брат беше воодушевен, јас бев воодушевен. Но, ниту еден од нас не знаеше дека тоа ќе биде еден од нашите последни разговори. Кога почина, комплетно сите мисли ги насочив кон Дончиќ и Далас. Почнав да го следам Лука од натпревар на натпревар, и тоа ме промени“.

Две години подоцна Колин Кејбл е потполно присебен…

„Се мотивирав со Лука. Живеев да го гледам секој негов следен натпревар. Почнав да ги поправам врските кои ги уништив поради зависноста од дрогата. Без помошта на словенечкиот кошаркар, кого веројатно никогаш нема да го запознаам, денеска немаше да бидам жив. Кога надежта стана апстрахтна и недостижна, Лука секоја вечер на терен ми покажуваше дека животот е убав, и дека вреди да се бориш за него“ – вели Колин.

Се вчитува...