Поради навреди кон Балотели, навивач доби суспензија од пет години

Еден навивач на Верона доби забрана за присуство на сите спортски натпревари во Европа во следните пет години, бидејќи иницираше расистички напади кон Марио Балотели.

Полицијата во Верона ги прегледа сите материјали кои ги имаше од натпреварот меѓу локалниот клуб и Бреша кој беше одигран на 3. ноември и одлучи да неименуваниот 38-годишник биде суспендиран на пет години.

За потсетување, Балотели по напади ја шутна топката токму кон таа трибина и налутено го напушти теренот. Потоа лигата ја казни Верона затворајќи го тој дел од трибината на стадионот, додека клубот ги казни навивачите кои беа дел од расистичките напади.

Се вчитува...