Поради ненадејната смрт на Драган Василов – Цевка прекинат кампот во Маврово

Поради ненадејната смрт на Драган Василов, федерацијата одлучи да ги стави „во мирување“активностите на кампот во Маврово. Кошаркарскиот камп „Маврово 2020“ во организација на КФСМ и ФИБА, ги прекина сите активности.

„Поради ненадејната смрт на Драган Василов, еден од членовите на тренерскиот тим, присутен на кампот во Маврово, со одлука на претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, активностите се ставени „во мирување“. За актуелниот момент, КФСМ ќе ја информира канцеларијата на ФИБА, која е партнер во овој заеднички проект. Учесниците на кампот, кошаркарите и кошаркарките родени 2007 и 2008 година, ќе бидат дополнително информирани за наредните активности. Во оваа прилика, КФСМ изразува длабоко жалење за овој непосакуван момент во кој се најдоа сите учесници на кампот во Маврово, со надеж дека наредното дружење на овие млади и перспективни кошаркарски таленти ќе продолжи во најскоро време“, стои во соопштението од КФСМ.

За потсетување Василов почина од срцев удар за време на одржувањето на малдискиот камп на КФСМ во Маврово.

Се вчитува...