Поради пандемијата, нема да се одржи јубилејното издание на „Златен Гонг“

Една од најстарите спортски манифестации во државата, боксерскиот турнир „Златен Гонг“ оваа година нема да го има јубилејното 50.издание. Причината е јасна, пандемијата на коронавирусот. Управниот одбор на БФМ со едногласна одлука реши го одложи одржувањето на „Златен Гонг 2020“.

„Нашата цел беше оваа години да го организираме „Златен Гонг“ достојно, со квалитетни боксери од Европа и светот, согласно јубилејот на 50. издание. Невозможно е во ваква ситуација на светска пандемија да се организира ваков важен настан, за жал принудени сме да го одложиме за следната година, и други големи спортски собири оваа година се одложени за следната поради пандемијата на коронавирусот, тоа беше случај Олимписките игри, сметам дека ова е исправна одлука, оваа спортска манифестација заслужува организација и квалитет за јубилејот на високо ниво“ – изјави претседателот на БФМ, Примислав Димовски.

Низ историјата од разни причини „Златен Гонг“ не се одржал два пати, во 1988 и во 1997 година. Ова е прв случај во богатата историја, традиционалниот спортски настан да се одложи поради пандемија од светски размери.

 

Се вчитува...