Поради промена на моторот, казнети Ботас, Фетел и Расел

Валтери Ботас, Себастијан Фетел и Џорџ Расел поради промена на моторот на своите болиди, се казнети на поместувања назад во односот на местото кои ќе го иборат со резултатот во квалификациите за ГН на САД која се вози во недела во 23 часот.

Ботас ги менува компонентите на моторот веќе шест пат оваа сезона и затоа ќе биде казнет со поместувања на пет позиции наназад во недела. Ова е четврти пат во последните три недели Финецот да врши замена на моторот.

Расел четврт пат прави измени, а со оглед дека ја сменил целосната погонска единица, ќе стартува од последното место.

Иста казна како и Расел доби и Себастијан Фетл кој исто така го менува целиот мотор на својот Астон Мартин.

Се вчитува...