Поради силниот ветер одложен машкиот спуст на ЗОИ во Пекинг

Дирекцијата на трката одлучи машкиот спуст на Зимските олимписки игри со кои требаше да стартуваат натпреварите во алпско скиајње да биде одложен. Причината е силниот ветер кој веќе втор ден е на борилиштата во Пекинг.

Денешната трка требаше да стартува во 4 часот по средно европско време. Прво беше одложувана три пати за по еден час, за на крајот дирекцијата на трката да донесе одлука поради безбедност на скијачите таа да биде одложена.

Дирекцијата на трката одлучи дека машкиот спуст на програмата ќе биде во понеделник.

 

Се вчитува...