Поради случајот Брајон Кастиљо, Еквадор би можел да oстане без настап на СП во Катар!?

Пред почетокот на СП во Катар се обелодени скандал во кој поради случајот Брајон Кастиљо, Еквадор би можел да oстане без настап на Светското првенство.

Кастиљо немал право да игра за Еквадор во квалификациите за Светското првенство, затоа што е роден во Колумбија, но Еквадорците му го фалсификувале изводот на родените.

Британски „Дејли Мејл“ дојде до документи кои не се во корист на Еквадорците и кои покажуваат дека фудбалерот навистина е роден во Колумбија и нема право да игра за Еквадор.

Британскиот таблоид пронајде документи кои ја потврдуваат чилеанската верзија. Тие покажуваат дека Бајрон Кастиљо всушност не потекнува од Еквадор, туку од Колумбија. Очигледно има два изводи на родени, оној од Колумбија, по име Брајон Хавиер Кастиљо Сегура и од Еквадор – во име на Брајон Дејвид Кастиљо Сегура.

Покрај тоа, датумот на раѓање се разликува во двата документи. Колумбискиот покажува дека Кастиљо е роден на 25 јули 1995 година. Еквадорскиот го дава датумот на раѓање како 10 ноември 1998 година. Од друга страна, имињата на родителите (Харинсон Хавиер Кастиљо и Еугенија Сегура Ортиз) се совпаѓаат, како и нивната земја на потекло – Колумбија!

Се вчитува...