Поради воениот конфликт со Русија прекинато првенството: Откажани фудбалските натпревари, Зајков пред заминување од Украина?

Фудбалскиот шампионат на Украина ќе биде прекинат од денес, а ова е потврдено на официјалниот сајт на Премиер лигата. Претседателот Володимир Зеленски и официјално прогласи воена состојба во целата земја поради нападот од Русија.

Се’ ќе зависи и од натамошниот развој на ситуацијата кога повторно ќе се игра фудбал во Украина. По 18 одиграни кола Шахтјор Доњецк е прв со 47 бодови, додека Динамо Киев е на второто место со 45.

„Поради воведување на вонредна состојба во Украина, фудбалското првенство е прекинато“, се наведува во кратката порака.

Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков е во Полтава, каде што со неговиот тим се подготвуваше за првиот натпревар од пролетниот дел. Пред неколку дена македонскиот репрезентативец за „Телма“ изјави дека градот во кој се наоѓа функционира нормално. Сепак, работите од синоќа драстично се променија, па останува прашањето дали и кога Зајков ќе замине од територијата на Украина.

Се вчитува...