Порака до Хабиб: Не се тепај со Мејведер, ќе изедеш ќотек!

Хабиб Нурмагомедов не ја крие желбата по големата победа над Конор Мекгрегор да влезе во ринг со непобедливиот боксер Флојд Мејведер.

Флојд, мислам дека треба сега да се бориме. Едниот 50-0, другиот 27-0, двајца што никогаш не загубиле. Зошто да не пробаме, во џунглата има место за само еден крал“ – порача Нурмагомедов.

Сепак, поранешниот УФЦ шампион Даниел Кормиер, кој важи за пријател на Хабиб, му порача на Русинот дека тоа е многу лоша идеја.

Мојата порака е јасна, најдобро е да не размислува воопшто на таа тема, бидејќи не може ништо да постигне, а може многу да загуби. Ако не мисли да заработи многу пари од тоа, најдобро е воопшто да не го прави бидејќи ќе изеде ќотек. Јас многу го сакам Хабиб, но ако гледаме реално – Флојд ќе го истепа. Тоа е лудо, мислам дека Хабиб толку многу ќе се исфрустрира, па ќе почне да се бори во боксерски ринг и ќе излезе смешен“ – порача Кормиер.

 

Се вчитува...