Порака од Мадрид: Модриќ позира со новиот дрес на Реал

Лука Модриќ се врати од летниот одмор и денеска се сретна со Флорентино Перез, за да дискутира за својата иднина во Реал Мадрид и понудата што ја има од Интер.

Деталите од таа средба не се обелоденуваат во јавноста, но од Мадрид денеска стигна порака – фотографија од Модриќ како позира во новиот дрес на „кралскиот клуб“. Фотката беше објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на актуелниот европски првак, како најава дека наспроти информациите од Италија, Модриќ сепак ќе го продолжи својот престој во Мадрид.

Во исчекување на конкретни изјави од Модриќ и од Перез, ова во секој случај е добар предзнак за фановите на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...