Поранешен финалист на Вимблдон размислува за пензија

Финалистот на Вимблдон од 2021 година Матео Беретини размислува да ја заврши тениската кариера, пренесуваат медиумите од Италија.

Од Јунајтед купот кој се одржа во првиот дел од јануари, Беретини нема врзано повеќе од две победи по турнир, а на АТП листата падна на 34. место. Постојано има проблеми со повреди, а неколку натпревари поради тоа мораше и да предаде.

За големата криза на финалистот на Вимблдон од пред две години зборуваше и можеби најдобриот италијански тенисер на сите времиња, Никола Пјетранџели.

„Дали Матео знае што прави? Тој има 27 години, убав е, богат е и славен е, но дали тоа е се што сака во животот? Не разбира под која среќна ѕвезда е роден. Заработува милиони евра и сето тоа го расфрла. Се надевам дека гласините за неговото пензионирање не се точни. Би било драматично и за него и за италијанскиот тенис“, изјави Пјетранџели.

Беретини во финалето на Вимблдон во 2021 година загуби од Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови.

Се вчитува...