Поранешен фудбалер на Бенфика загина во сообраќајна несреќа

Поранешниот португалски фудбалер Мануел де Хесус Ортиз, во јавноста познат како Ману, трагично го загуби животот во саботата наутро во тешка сообраќајна несреќа на 43-годишна возраст.

Несреќата се случила околу 6.30 часот наутро. Според првичните информации, поранешниот фудбалер патувал сам во своето возило кога изгубил контрола над управувачот, по што автомобилот излетал од патот и се превртел на покрив. Надлежните служби веднаш пристигнале на местото на настанот, но за жал, само констатирале смрт кај поранешниот спортист.

Ману ја започна својата професионална кариера во Алверка, по што потпиша со португалскиот гигант Бенфика. Во текот на својата богата интернационална кариера, тој настапуваше и за екипи како Модена во Италија, АЕК Атина во Грција, Маритимо и Белененсес во домашниот шампионат, како и за полска Легија Варшава.

Се вчитува...