Поранешен фудбалер на ВБА почина на сред натпревар во Португалија

Фудбалскиот свет е во шок по трагичната вест за смртта на 25-годишниот Куевин Кастро, кој почина денеска откако колабираше на теренот за време на натпревар во Португалија.

Младиот португалско-англиски фудбалер Куевин Кастро трагично го загуби животот на 25-годишна возраст. Тој се онесвести во 10. минута од подготвителниот натпревар што неговиот тим, Реал Спорт Клубе го играше против прволигашот Естрела Амадора во Малвеира.

Медицинските екипи на двата клуба реагираа со брза интервенција. Тие употребија и дефибрилатор на самиот терен во обид да го спасат младиот играч. Иако брзата помош веднаш пристигна и го пренесе во болница, лекарите за жал само констатираа смрт.

Кастро важеше за голем талент и помина голем дел од својата кариера во Англија. Тој беше дел од младинската школа на Челси, а подоцна потпиша за Вест Бромвич Албион (ВБА). На Островот настапуваше уште и за екипите на Јорк Сити, Нотс Каунти, Гејтсхед и Кембриџ Сити, пред да се врати во својата татковина ова лето.

Се вчитува...