Поранешен фудбалер седнува на клупата на Баерн Минхен

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Чаби Алонсо е еден од кандидатите за преземање на тренерската позиција на германскиот гигант. Баерн неодамна поради слабите резултати му врачи отказ на Нико Ковач и во моментов е во потрага по негов наследник.

Иако највеќе се шпекулираше со имињата на Жозе Мурињо, Арсен Венгер и Масимилијано Алегри, еден од најсериозните кандидати сепак е Чаби Алонсо, кој се очекува да го презеде кормилото на Баерн. Тој во моментов работи во Реал Сосиедад, а во кариерата покрај за шпанскиот тим, настапуваше и за Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен во кој ја заврши професионалната кариера.

 

Се вчитува...