Поранешен фудбалер со хрватско потекло завршил во кома и се бори за живот

Поранешниот хрватски фудбалер Крешо Ковачец (56) е во индуцирана кома и се бори за живот по руптура на аортата, по што доживеа мозочен удар, а неговото семејство започна кампања за собирање средства, објавува „Билд“ .

По руптурата на аортата, Ковачец бил итно опериран, а лекарите се бореле за неговиот живот 12 часа. Му бил заменет и срцевиот залисток, но следеле сериозни компликации.

Ковачец претрпел тежок мозочен удар и крварење во мозокот, што барало уште една операција и моментално е во индуцирана кома и во критична состојба.

Со нивна согласност, семејниот пријател Штефен Рајсман започна кампања за собирање финансиска помош.

„Неговата сопруга Сузана и двете деца, на возраст од девет и 15 години, оттогаш го живеат својот најлош кошмар. Лекарите прават сè што е во нивна моќ, но во моментов никој не може да каже кој пат ќе го избере Крешо“, се вели во описот.

Се вчитува...