Поранешен играч на Работнички пред трансфер во Хамбургер

Хамбургер е заинтересиран во своите редови да го доведе играчот на Хајдук, Емир Сахити. Косовскиот репрезентативец е на „мета“ на неколку клубови, а членот на „цвајте“ кој загуби во баражот за пласман во „елитната“ Бундеслига е најсериозно заинтересиран за услугите на крилниот фудбалер.

Емир Сахити во минатото беше дел од Работнички. Сахити во 2015 година како 16-годишник дојде во тимот на „романтичарите“ од Приштина. Во Работнички беше до 2018 година, од каде заминува во Хајдук, најпрво во вториот тим на тимот од Сплит, а потоа по неколку позајмици стигна во првиот тим на „белите“.

Минатата сезона Сахити за Хајдук настапи 39 пати и постигна седум гола и пет асистенции. Се шпекулира за сума од околу 1,5 милиони евра, додека Хајдук ќе бара нешто повеќе за неговиот потпис.

Се вчитува...