Голема е веројатноста дека Партизан и во новата сезона ќе биде од Евролигата, а со цел оставање на подобар впечаток од веќе изминатата сезона во која „црно-белите“ не успеаја да се пласираат ниту во плеј-инот на најсилното кошаркарско првенство во Европа, тимот цели на целосна реконструкција на ростерот и ангажман на веќе докажани кошаркари на „стартиот континент“.
Еден од нив е и Џордан Лојд, американскиот кошаркар кој од 2019 година е постојан учесник во Евролигата. Сега 30-годишниот бек шутер добро го познава и главниот град на Србија со оглед на тоа што ја помина сезоната 2020/21 во редовите на градскиот ривал Црвена Звезда.
Интересно, за ангажман на сегашниот кошаркар на Монако е заинтересирана и Црвена Звезда па се очекува нов дуел на најголемите српски ривали на трансфер маркетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА