Поранешен младински репрезентативец на Хрватска го засили Вардар (ФОТО)

Македонскиот фудбалски прволигаш Вардар продолжува со засилувањата во пресрет вториот дел од сезоната во кој славниот скопски клуб го очекува битка за опстанок во елитното друштво. Официјално нов фудбалер на тимот е 25-годишниот Хрват, Михаел Бришки.

Станува збор за фудбалер кој ги покрива позициите дефанизивен играч за врска и централен дефанизивен играч. Тој е пораненеш младински репрезентативец на Хрватска кој во младинската конкуренција настпувал за Динамо Загреб со кој бележи настапи и во младинската Лига на Шампиони, а во сениорската кариера настапувал и во Словенија за Табор Сежана и Хрватска за Сесвете.

Во македонското првенство доаѓа од редовите на Санџулијано од италијанската Серија Д каде изминатата полусезона настапи на 21 натпревар.

Се вчитува...