Поранешен младински репрезентативец на Македонија ќе брани за Јан Регенсбург

Германскиот второлигаш Јан Регенсбург во своите редови ангажираше голман кој што во минатото настапуваше за репрезентацијата на Македонија. Станува збор за Дејан Стојановиќ, 28-годишен голман кој што досега беше дел од Мидлсбро (минатата годна ја помина како позајмен во Инголштад). Стојановиќ потпиша на две години со германскиот тим член на „Цвајте“.

Стојановиќ во минатото беше дел од Болоња, каде има неколку натпревари во Серија „А“, а потоа замина во Англија, за сега својот пат да го најде во Германија.

Инаку тој во минатото имаше три настапи за младинската селекција на Македонија, сите три во пријателски натпревари. Меѓутоа поради тоа што сакаше да го задржи австрискиот пасош, никогаш не доби можност да добие македонска патна исправа, и така да заигра за нашата репрезентација.

Покрај овие споменати тимови, Стојановиќ бранеше и во Луштенау, Сенг Гален, Кротоне, Сент Паули.

Се вчитува...