Поранешен НБА кошаркар: Жалам што играв со Џордан, бев подобар од него

Поранешниот НБА кошаркар Џери Стекхаус изјави дека жали што во 2002 година беше трејдан во екипата на Вашингтон Визардс во која во тој момент настапуваше легендарниот Мајкл Џордан.

„Искрено ќе беше поубаво никогаш да не заиграм за Вашингтон Визардс. Како прво чувствував дека Детроит има тим за освојување на титулата уште пред да ме трејдаат. Второ, играв со својот идол Мајкл Џордан, но во тој момент бев подобар кошаркар од него. Проблемот беше што се уште не водеше Џордан. Тренерот Даг Колинс правеше се што сака Мајкл. Таа сезона искрено воопшто не уживав во кошарката“, изјави Стекхаус. 

Покрај за овие два тима Џери Стекхаус во кариерата настапуваше и за Филаделфија, Далас, Милвоки, Мајами, Атланта и Бруклин.

Се вчитува...