Поранешен руски репрезентативец: Македонија ќе биде многу тежок ривал во баражот

Сегашните и поранешните руски репрезентативци, замедиумите во Русија коментираат за бараж пресметките во март за пласман на Светското првенство.

Русите едногласни дека не ја сакаат Полска за ривал, бидејќи, според нив, таа е најсилна од сите аутсајдери. Исто така екс репрезентативецот Александар Самедов коментираше дека не ја сака Македонија за ривал.

„Сите селекции се тешки, сите ќе се борат. Според мене Полска ќе ни биде најтешкиот ривал. Во секој случај ќе биде тешко со сите селекции. И со Македонија ќе биде тешко, иако се смета за аутсајдер. Не се случајно во баражот. Но, верувам дека Русија ќе се најде на Светското првенство“, рече Самедов.

Уште еден екс играч на Русија, Роман Широков ги коментираше ривалите.

„Полјаците малку се издвојуваат од останатите. Македонија на хартија изгледа најлесно, но нема да биде лесно со никого. Сега е тешко да се прават претпоставки има уште неколку месеци. Прво ќе почекаме да видиме во каква форма ќе бидат репрезентациите, па ќе видиме. Сега нема што да се прогнозира“, рече Широков.

Се вчитува...