Поранешниот светски шампион во две боксерски категории, Јужноафриканецот Золани Тете (38), трагично го загуби животот откако беше застрелан пред својот дом во Мданцане.
Инцидентот се случил синоќа кога Тете пристигнал со својот автомобил и чекал да му се отвори влезната врата од дворот. Во тој момент, од друго возило излегле двајца маскирани и вооружени напаѓачи кои отвориле оган кон него. Боксерот се обидел да побегне и успеал да влезе во дворот, но им подлегнал на смртоносните повреди. Во возилото била и 27-годишната сопруга, која со повеќе прострелни рани е итно пренесена во болница. Напаѓачите побегнале, а полицијата трага по нив.
Тете беше еден од најуспешните јужноафрикански боксери, со кариера од 29 победи (22 со нокаут). Тој ќе остане запаметен во историјата и по Гинисовиот рекорд за најбрз нокаут во борба за светска титула, откако во 2017 година го совлада Сибонисо Гоња за само 11 секунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
