Поранешен тренер на Бурсаспор ќе му помага на Умут Каран во Шкупи

Поранешниот тренер на турски Бурсаспор, Хусеин Хуршој ќе му помага на Умут Каран на клупата на Шкупи во пролетниот дел од шампионатот.

Како што информираат од клубот, Хуршој доаѓа на местото на Емрах Волкан кој поради семејни причини не можеше повеќе да работи во стручниот штаб на чаирскиот прволигаш.

Хуршој, кој има УЕФА Про лиценца, повеќе од 20 години е во тренерските води. Претходно во својата играчка кариера настапувал за Бурсаспор, Измирспор, Сакаријаспор и Болуспор во турското првенство.

Шкупи во моментов своите подготовки ги реализира во Дојран, пред планираното заминување за Анталија каде се планирани пет пријателски натпревари.

Се вчитува...