Поранешен вардарец предизвика масовна тепачка на дуелот помеѓу Војводина и Партизан (ВИДЕО)

Првиот натпревар од финалната серија во српското ракометно првенство помеѓу Војводина и Партизан го одбележа масовна тепачка помеѓу ракометарите на двата клуба.

До инцицент дојде пред крајот на првото полувреме кога поранешниот ракометар на Вардар, сегашен член на Партизан, Вук Лазовиќ направи жесток старт врз Мохамед Аиди.

Епилогот од физичкит конфликт проследен со боксови и шлаканици беше црвен картон кон Лазовиќ и син картон за неговиот колега Борис Радивојевиќ.

Се вчитува...