Поранешна македонска репрезентативка: Кога губевме од Англија ни велеа дека место ни е во кујна, епа момци ајде сега на скара

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа вистински дебакл вечерва на „Олд трафорд“, понижена и декласирана од Англија со 7-0 како никогаш досега од ниту еден противник.

По натпреварот со свој коментар се јави и поранешната македонска фудбалска репрезентативка Афродита Салихи која беше дел од женската репрезентација која исто така доживуваше бламажа против Англичанките.

„Е, нека видат како ни беше нас жените во Англија. ‘Ни било местото во кујна’. Ајде и вие на скаричка назад и пивце – ДОМАЌИНИ“, им напиша Салихи на фудбалерите после срамниот пораз.

Се вчитува...