Поранешниот НБА кошаркар, Бен Мекламор е уапсен и спроведен во притвор во Орегон, Соединетите американски дражави по оптружба за силување и други сексуални деликти.
Сегашниот кошаркар на шпанскиот прволигаш Бреоган се терети за случај од 2021 година кога беше член на НБА франшизата Портланд Трејлблејзерс.
Мекламор е повторно на слобода по платената кауција од пола милион долари, но доколку е обвинет за случајот му се заканува казна затвор од 20 години.
Бекот кој е исклучително познат по шутот за три поени на драфтот во 2013 година беше одбран пред Јанис Адетокумпо, а покрај за Порталнд во НБА лигата настапуваше и за Мемфис, Хјустон и ЛА Лејкерс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА