Поранешната освојувачка на Вимблдон: Вицепремиерот ме силуваше додека жена му чуваше стража

Поранешната освојувачка на Вимблдон во парови, Шуаи Пенг преку социјалната мрежа Веибо го обвини Жанг Гаоли, еден од најмоќните кинески политичари, за силување кое се случило пред три години.

Пенг тврди дека Гаоли, кој е вицепремиер на Кина, дека ја силувал во неговата куќа откако ја поканил да играат тенис, а сопругата на Жанг чувала стажа пред вратата.

„Го одбив и не можев да престанам да плачам. Од страв и збунетост на крајот попуштив и имавме секусален однос. Немам аудио или видео доказ и беше невозможно да ги направам, но имам вистинско искуство“, напиша Пенг.

Сега 35-годишната Пенг беше најдобра тенисерка во парови, а го освојуваше Вимблдон во 2013 година и Ролан Гарос во 2014. Најдобриот ранкинг во поедичена категорија и беше 14. место, а моментално е 189. тенисерка на светот.

Се вчитува...